Објавено на 03 Октомври, 2016 во Вести, До 19 год
Репрезентацијата на Македонија до 19 години денеска го имаше првиот собир во хотел „Карпош” спроти Уефа квалификацискиот турнир кој ќе се одржи во Полска, во периодот од 6 до 11 октомври. Првиот дуел го играме на 6 октомври против домаќинот Полска, во Сзубин со почеток од 15.30 часот.
Предводникот на селекцијата на Македонија до 19 години, Јетон Несими потенцира дека оваа генерација на фудбалери поседува квалитет за остварување успех и цели кон освојување на едно од првите две места во групата.
-Повик добија фудбалерите кои од почетокот на годината беа дел од овој национален состав, играа во најголемиот дел од пријателските натпревари, најдобрите со кои располагаме во моментов. Верувам во моите фудбалери, докажавме на претходните средби дека поседуваме огромен потенцијал и квалитет. Се наоѓаме во група која ќе биде неизвесна и доста изедначена до самиот крај на турнирот. Верувам дека на крајот ќе ја постигнеме целта, а таа е освојување на едно од првите две места.
Еден од најдобрите фудбалери и носител на играта на нашиот млад национален состав, Елиф Елмас даде свое видување околу квалитетот и шансите на Македонија на мини квалификацискиот тим под палката на Уефа.
-Имавме добар припремен период, оваа репрезентација е подготвена за еден ваков голем предизвик како што е Уефа квалификацискиот турнир во Полска. Веруваме во нашиот потенцијал, и ќе дадеме се за да постигнеме успех и конечно да се пласираме во наредната фаза квалификаци. Групата не е нималку наивна, не очекуваат три исклучително тешки и неизвесни натпревари против јаки репрезентации. Нашата цел е јасна, сакаме да направиме добар резултат, да се претставиме во вистинско светло, и да отидеме чекор понапред во однос на претходните квалификации.Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....