Селекцијата на домашни фудбалери подобра од селекцијата на странци

Објавено на 12 Декември, 2015 во Вести


На теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски" се одигра ревијален натпревар помеѓу селекцијата составена од домашни фудбалери и селекцијата на странци во 1МФЛ.

Селекцијата на домашни фудбалери од Првата македонска фудбалска лига, одбрана од селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски забележа победа од 2:1 над селекцијата на странци во ПМФЛ предводена од тренерот на Шкендија, Шпетим Дуро.

 Головите за домашната селекција ги постигнаа Радески во 29 минута и напаѓачот на Вардар, Филип Ивановски во 45 минута. Единствениот погодок за селекцијата на странци го постигна Херера во 88 минута.

Радески, во 29. минута од средбата, одлично го ефектуираше одличното проигрување од страна на вардаровиот офанзивец Филип Ивановски, за водство по првите 45 минути.

ДОМАШНИ: Јовановски, Силјановски, Глишиќ, Стојанов, Ристевски, Алими, Најденов, Радески, Ибраими, Блажевски, Ивановски. Уште играа: Алексовски, Мурати, Цикарски, Глигоров, Николов, Емини, Алтипармаковски

Селектор: Игор Ангеловски

СТРАНЦИ: Митровиќ, Иванов, Рудан, Мијушковиќ, Таипи, Херера, Вујчиќ, Бае, С. Сахити, Е. Сахити, Исени. Уште играа: Азизи, Кореница, Борха, С. Рудан

Тренер: Шпетим Дуро

На градскиот стадион во Велес, играчите од селективниот камп на репрезентацијата до 21 година предводена од селекторот Благоја Милевски славеа победа од 2:0 против екипата на Хоризонт Турново. 






   
   
А репрезентација