Објавено на 21 Декември, 2020 во Вести, До 21 год, До 19 год
Селекцијата до 21 година славеше со 3:1 против селекцијата до 19 години на заедничкиот тренинг камп на двете репрезентации во Охрид.
Целта на кампот во организација на селекторите на двете репрезентации, Благоја Милевски и Шкумбин Арслани е да им се даде шанса на фудбалерите, пред сѐ од домашниот шампионат да ги покажат своите квалитети и евентуално да се изборат за место во составот на важните квалификациски натпревари кои ги очекуваат двете репрезентации следната година.
На денешниот натпревар, селекцијата до 21 година обезбеди водство од 1:0 во 43. минута со автогол на Маркоски. Во 46. минута Илиевски реализираше пенал за израмнување на 1:1. Максимов беше соборен во шеснаесетникот.
Своја шанса за погодок не искористи Воша за ново водство на Македонија до 21 година, а полуприлики на спротивната страна имаа Николов и Максимов.
Скендери во 82. минута погоди за 2:1 по додавање на Иваноски, а конечниот резултат го постави Иваноски во последната минута.
Македонија до 19 година:
Иван Николоски, Славе Маркоски, Виктор Крстевски, Мартин Величковиќ, Бехар Фета, Хамза Рамани, Методи Максимов, Димитар Тодоровски, Марио Илиевски, Иван Николов, Берат Калкан;
Стефан Тасев, Филип костовски, Константин Коцев, Фитон Адеми, Арда Окан Куртулан, Октај Ракипи, Дамјан Трајаноски, Зуфер Шаини, Дарио Марковски, Спасе Терзиев, Бесард Џемаили;
Македонија до 21 година:
Методија Велковски, Ардит Иљази, Александар Ѓурковски, Кристијан Додевски, Георге Јанкулов, Бојан Димовски, Али Адем, Арби Воша, Марко Ѓорѓиевски, Муарем Шухељ, Енсар Љума;
Александар Ангелковски, Марко Симуновиќ, Матеј Николов, Јован Манев, Рамин Али, Флорент Рамадани, Бесник Ферати, Јакуп Бериша, Емир Скендери, Зоран Ивановски, Давид Калапачки;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....