Селекциите на Македонија до 15 и 16 години ќе одиграат контролни натпревари против Црна Гора и Романија

Објавено на 22 Октомври, 2018 во Вести, До 17 год


Репрезентациите на Македонија до 15. и 16. години на гостински терен против Црна Гора и Романија ќе одиграат контролни натпревари против домашните селекции. Македонија до 15 години предводена од Неџат Шабани утре (14:00 часот) и во четврток (11:00 часот) ќе се спротивстави на селекцијата на Црна Гора, првиот дуел се игра во Подгорица на „ДГ“ арена, додека возвратниот на стадионот на Златица. За двата меча против црногорците, селекторот на Македонија до 15 години ќе смета на следните фудбалери:

МАКЕДОНИЈА до 15 години:

Стефан Тасев (ФФМ Академија), Мирче Стоилов (ФФМ Академија), Бленд Зекири (ФФМ Академија), Енис Бучи (ФФМ Академија), Марко Ристов (ФФМ Академија), Матеј Ангелов (ФФМ Академија), Матеј Георгиев (ФФМ Академија), Михаил Талевски (ФФМ Академија), Матео Софијановски (ФФМ Академија), Георг Стојановски (Вардар), Дашмир Елези (Шкендија), Васко Василев (ФФМ Академија), Димитар Стојкоски (Шкендија), Донарт Ибраими (Работнички), Никола Павлевски (Вардар), Бесар Гуџуфи (Вардар), Мите Митев (Академија Пандев), Дорарт Амити (Шкендија), Виктор Боневски (ФФМ Академија), Максим Милошевски (Вардар); СЕЛЕКТОР: Неџат ШАБАНИ;

Репрезентацијата на Македонија до 16 години во Букурешт против Романија исто така ќе одигра два контролни натпревари. Звонко Златановски како предводник на нашата селекција ќе смета на следните фудбалери:

МАКЕДОНИЈА до 16 години:

Стефан Митрев (Арау, Швајцарија), Лука Стојковски (Вардар), Љавдрим Ибрахими (Работнички), Грегори Давков (Вардар), Христијан Николовски (Македонија Ѓ.П.), Елмедин Рамадани (Шкендија), Андреј Стојчевски (Вардар), Самет Реџепи (Шкупи), Љупче Кудев (Брегалница), Ване Крстевски (Постолов - Пандев), Октај Ракипи (Шкендија), Рамиз Беровиќ (Работнички), Христијан Георгиевски (Работнички), Петар Давидовски (Вардар), Мартин Талаков (Академија Пандев), Марио Геговски (Работнички), Дарко Марковски (Работнички), Емир Саитовски (Домжале, Словенија), Муртезан Незири (Њу Старс), Албан Таипи (Ренова); СЕЛЕКТОР: Звонко ЗЛАТАНОВСКИ;

Утрешниот натпревар се игра со почеток во 14:00 часот, додека на 25. октомври, натпреварот е закажан во 11:00 часот. 




   
   
А репрезентација