Седница на Управен одбор на Фудбалската федерација на Македонија

Објавено на 27 Септември, 2019 во Вести


На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:

-  У.О. на ФФМ ги донесе Пропозициите за натпреварување во Втора футсал лига за натпреварувачката сезона 2019/2020;

- У.О. на ФФМ ги донесе Пропозициите за натпреварување во Куп на Македонија во футсал за натпреварувачката сезона 2019/2020;

-  У.О. на ФФМ ги потврди пропозициите за натпреварување во Прва футсал лига за натпреварувачката сезона 2019/2020;

-  У.О. на ФФМ ги потврди пропозициите за натпреварување во Куп на Македонија во женска конкуренција за натпреварувачката сезона 2019/2020;

-  У.О. на ФФМ на барање на медицинскиот тим во А македонската репрезентација донесе одлука за набавка и обезбедување на медицинска опрема (GAME READY - апарат за комресиона крио терапија, NORMATEC - апарат за лимфна дренажа, COPEX - апарат за електро терапија, како дополнување на апаратурата за физикална терапија која веќе репрезентацијата ја има на користење, додатоци за GAME READY за побрза и поквалитетна рехабилитација); 




   
   
А репрезентација