Објавено на 23 Јули, 2021 во Вести
На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
- У.О. на ФФМ ја усвои предлог одлуката за измени во системот за натпреварување за Втора МФЛ за натпреварувачка сезона 2022/23;
- У.О. на ФФМ го усвои предлог календарот за натпреварување за натпреварувачката сезона 2021/22 во МФЛ;
- У.О. на ФФМ ги усвои пропозициите за натпреварување за натпреварувачката сезона 2021/22 за: ПРВА МФЛ, ВТОРА МФЛ, пропозициите за Третите лиги, натпреварувањето од Купот на Македонија во сениорска конкуренција, пропозициите за ПРВА ЖМФЛ, ВТОРА ЖМФЛ и пропозициите за Куп натпреварувањето во женски фудбал;
- У.О. на ФФМ ја усвои предложената листа на судии и контролори за натпреварувањата од МФЛ за сезоната 2021/22;
- У.О. на ФФМ ја усвои предложената листа на делегати за натпреварувањата од МФЛ за сезоната 2021/22;