Објавено на 14 Февруари, 2020 во Вести
На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
- Управниот одбор на ФФМ ги одреди цените на влезниците за натпреварот од полуфиналето од Лига на Нации меѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Косово.
За натпреварот кој ќе се одигра на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“, билетите за јужната и северната трибина ќе се продаваат по цена од 300. и 400. денари;
Фудбалската федерација на Македонија ќе обезбеди билети за навивачите на македонската репрезентација на западната трибина од арената „Тодор Проески“;
- Управниот одбор на ФФМ донесе одлука Редовното Годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија да се одржи на 21. март 2020. година во Скопје во х. „Александар Палас“;
- Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за распределба на средствата од дополнителниот УЕФА солидарен фонд на клубовите од 1 МФЛ од натпреварувачката сезона 2018/2019;
- Управниот одбор на ФФМ ги одреди цените на билетите за натпреварот од квалификациите за ЕП меѓу репрезентациите до 21 година на Македонија и Израел. Цената на билет за дуелот кој се игра на 26. март на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе изнесува 50. денари;
- Управниот одбор на ФФМ ги усвои извештаите на постојаните комисии на Управниот одбор и буџетот на Фудбалската федерација на Македонија за 2020. година.