Објавено на 14 Март, 2025 во Вести
На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени следните одлуки:
- Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката со кое Собранието на ФФМ го овластува Управниот одбор да се извршат промени во системот на натпреварување во сите категории;
- Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката за реформа на организациската структура на Фудбалската федерација на Македонија;
- Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката за основање на трговско друштво на ФФМ со цел комерцијализација / физичка продажба на опрема и реквизити ФФМ / Фан-Шоп;
- Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката за отпочнување на активности за формирање на арбитража на ФФМ;
- Управниот одбор на ФФМ ја усвои предлог одлуката за членови за Комисија за избори и верификација, Надзорниот одбор, Комисија за жалби, Дисциплинска комисија, етички одбор и дисциплински инспектор;