Објавено на 27 Декември, 2018 во Вести
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница ги донесе следните одлуки:
- У.О. на ФФМ го назначи Зоран Лекиќ за селектор на футсал репрезентацијата на Македонија до 19 година. За асистент во футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години е назначен Марјан Стефановски.
-У.О. на ФФМ го назначи Шкумбин Арслани за селектор на репрезентацијата на Македонија до 18 години.
- У.О. на ФФМ назначи главни и помошни тренери во спортската академија за градовите Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип и Велес.
- У.О. на ФФМ го утврди предлог буџетот на Фудбалската федерација на Македонија за 2019 година.