Објавено на 23 Април, 2021 во Вести
На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
У.О. на ФФМ донесе одлука финалето од Купот на Македонија во сениорска конкуренција да се одигра на 19. мај 2021. година на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
У.О. на ФФМ донесе одлука финалните натправари од Купот на Македонија во младински конкуренции да се одиграат на 25. и 27. мај 2021 година на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
- Куп на Македонија (помлади пионери), 25. мај 2021. Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;
- Куп на Македонија (пионери), 25. мај 2021. Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;
- Куп на Македонија (кадети), 25. мај 2021. Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;
- Куп на Македонија (младинци), 25. мај 2021. Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за започнување на активности за промена на вештачката трева на помошниот терен на стадионот во Ѓорче Петров;