Објавено на 08 Декември, 2018 во Вести
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница ги донесе следните одлуки:
- У.О. на ФФМ ги усвои измените и дополнувањата на Правилникот за лиценцирање на клубови за учество во натпреварувања во организација на УЕФА.
- У.О. на ФФМ ги усвои измените и дополнувањата на Дисциплинскиот правилник кои упатуваат на понатамошно усогласување на анти допинг правилата со анти допинг правилникот на ФИФА.