Седница на Комисија за избор и верификација на ФФМ

Објавено на 15 Август, 2018 во Вести


Согласно постапката за избор на Претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Комисијата за избори и верификација при ФФМ на седница во „Куќа на фудбалот“ ја разгледуваше доставената документација од членките на ФФМ, а поврзана со претстојното Вонредно Изборно Генерално Собрание за избор на Претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Од страна на Комисијата беше разгледана пристигнатата документација и беше побарано да се прибави дополнителна документација од страна на службите во ФФМ на увид, како и целокупната коресподенција на членките со ФФМ, а која сметаат дека би била потребна за донесување на одлуки.

Комисијата ќе постапува во согласнот со роковите, притоа почитувајќи ги правилата и прописите на ФФМ, УЕФА и ФИФА.




   
   
А репрезентација