Се одржa првата меѓународна конференција за менaџмент со човечки ресурси во спортот, на која присуствуваа претставници од повеќе европски земји

Објавено на 27 Јуни, 2019 во Вести


На конференцијата  одржана на 21. јуни во Скопје се промовираше едукативната програма ВЕТ4СПОРТ наменета за едукација во спортот која е резултат на двегодишен Еразмус + проект http://vet4sport.com. Оваа едукативна програма е иновативна во користењето  техники од менаџментот со човечки ресурси и тренинг пристап и истата ќе придонесе за градење на социјални вештини и вештини за управување со човечките ресурси, а со тоа и зајакнување на улогата на тренерите во развојот на младите генерации и унапредување на состојбите во спортот. Носители на овој проект во земјата се Македонската асоцијација за човечки ресурси, како главен партнер во соработка со Фудбалската федерација на Македонија и партнерски организации од Грција, Италија и Австрија.

Пред пошироката спортска јавност од земјата, како и пред 50-тина претставници од партнерските земји Грција, Италија и Австрија, се обратија претседателите на организациите кои го подддржуваат овој проект: Муамед Сејдини, претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Васил Тупурковски, претседател на Македонскиот олимписки комитет, Дарко Петровски, Македонската асоцијација за човечки ресурси како и Астрит Реџепи, претставник на Националната агенција за европски програми и мобилност. Во агендата се вклучени и врвни спикери од УЕФА, Борис Кубла, инструктор за пролиценца на УЕФА, Ренато Глигороски, А- лиценца тренер од Австрија, др. Зоран Ханџиски, специјалист по спорстка медицина, професор Никос Ламбридис од Универзитетот Шефилд во Грција, воедно и фудбалски ветеран, Марио Ѓурчиновски од ФФМ, кои имаа свои излагања за трендовите во едукацијата на спортските тренери. Програмата ВЕТ4СПОРТ ја промовираше Христина Лозаноска проектниот координатор и експерт за управување со човечки ресурси. Настанот вклучуваше и панел дискусија на која учествуваа тренери од сите партнерски земји заради споделување на своите искуства од поминатата обуката.

Во рамки на две годишниот меѓународен проект за едукација во спортот кој се спроведе со поддршка на Еразмус + програмата на Националната агенција за европски програми и мобилност, беше направено истражување на состојбите и програмите за професионална едукацијата на спортските работници во четири европски земји. Резултатите покажаа дека предизвиците кои се поврзани со воведување модерни пристапи во управувањето со човечкиот капитал и градењето на вредностите на културата во спортот се секаде присутни и потребно е да се понудат модерни пристапи кои на тренерите ќе им помогнат да го зајакнат личното лидерство и вештините за работа со луѓе.

Минатата недела се одржа и неколкудневна обука во рамки на проектот, врз основа на ВЕТ Програмата, на која домаќин беше Фудбалската федерација на Македонија, заради актуелизирање на теми како што се: едукација, вредности, лидерство, позврзување и пријателство во спортот.





   
   
А репрезентација