Се гради нова трибина. Започна реконструкцијата на стадионот во тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Објавено на 20 Февруари, 2015 во Вести

Активностите поврзани со подобрување на инфраструктура на нашите стадиони e една од клучните цели на Фудбалската федерација на Македонија.

Со средства од „Хет-трик 3“ програмата на УЕФА во изминатиот период беа изградени и пуштени во употреба десет терени со вештачка трева во различни општини во земјата. Во новиот, тековен проект на ФФМ од програмата „Хет трик 4“ за поставување нова тревна подлога и поставување рефлектори се опфатени пет главни стадиони во Македонија. Поквалитетните стадиони, подобрата организација на натпреварувањата и заедничката одговорност на сопствениците на стадионите и клубовите сигурно ќе доведат до подобро однесување и на фудбалските натпревари. Тргнувајќи од тоа, ФФМ започна со реконструкција на еден од двата терени со природна трева на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во комплексот „Куќа на фудбалот“. Реконструираниот стадион е предвидено да ги исполни стандардите од категоријата 2 на УЕФА, а тоа значи дека ќе ги исполнува критериумите за одигрување официјални натпревари на младинските национални репрезентации, вклучувајќи ја и селекцијата до 21 година, а исто така би можеле да се одигруваат и натпревари од предквалификациите на УЕФА за европските купови. Новиот стадион ќе има капацитет од 1500 гледачи, ќе се изградатнова трибина, нови соблекувални, простории и канцеларии за официјални лица, модерен фитнес центар и простор за официјалните гости и странски делегации.




   
   
А репрезентација