Објавено на 31 Мај, 2017 во Вести
СЦ Истатов е освојувач на двојната круна во фудбалскиот шампионат во женска конкуренција на Македонија.
Актуелниот шампион во финалето од Купот на Македонија во Струмица го совлада ЖФК Тиверија со 4:2 и ги обедини титулите годинава.
Ели Јаковска во првата минута го постигна голот за водство на СЦ Истатов, а веќе во шестата Тиверија го израмни резултатот со погодокот на Теодора Димоска. Рабија Дервиши во осмата минута се радуваше на гол за тимот на Тиверија и резултатски пресврт, а голеадата во првите петнаесет минути продолжи со новиот израмнувачки погодок на Ели Јаковска за 2:2. Во 26. минута Јана Чубриновска славеше погодок за Истатов за водство од 3:2, а конечниот резултат го постави Ели Јаковска во 77. минута.