С О С Т А Н О К Дисциплинска комисија на ФФМ на ден 15.10.2014

Објавено на 15 Октомври, 2014 во Одлуки


Ф.К.“Вардар“ од  Скопје се казнува со парична казна  од 1500(илјада и петстотини ) евра, врз основа на член 36,38, а во врска со член 48  од Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради неспортско,недолично,вулгарно и националистичко однесување со што е прдизвикан прекин на натпреварот во траење од 7 минути на натпреварот: Ф.К.Вардар – Ф.К.Пелистер одигран  на ден 05.10.2014 година во 15,00 часот на  стадионот  во Ѓорче Петров.При одмерување на казната земени се во предвид мерките за обезбедување кои клубот домаќин ги превземал за несметано одигрување на натпреварот.

Претставникот  на Ф.К. “Врапчиште“ од Врапчиште Алиу Ружди,( натпревар од 6 коло втора МФЛ: Ф.К.Врапчиште – Ф.К.Младост одигран на ден 20.09.2014 година на стадионот на Ф.К. Влазерими во Кичево)  пријавен по завршување на натпреварот поради удирање на противнички фудбалер се казнува  со забрана на вршење на секаква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 1(една) година, согласно член 47  од  ДП на ФФМ, Казната тече од  21.09.2014 година.Со донесување на оваа Одлука суспензијата се укинува.

Фудбалерот  на Ф.К. “Врапчиште“ од Врапчиште Сали Ерсен со ИД број 102496,( натпревар од 6 коло втора МФЛ: Ф.К.Врапчиште – Ф.К.Младост одигран на ден 20.09.2014 година на стадионот на Ф.К. Влазерими во Кичево)  пријавен по завршување на натпреварот поради удирање на противнички фудбалер се казнува  со забрана на играње во траење од 3(три) месеци, согласно член 43  од  ДП на ФФМ, Казната тече од  21.09.2014 година.Со донесување на оваа Одлука суспензијата се укинува.




   
   
А репрезентација