Објавено на 29 Јуни, 2016 во Вести, До 19 год, До 17 год
Младинските селекции на Македонија од 14 до 19 години во периодот од март до јуни оваа година одиграа вкупно 36 натпревари остварувајќи 22 победи, седум натпревари завршија со нерешен резултат, а на исто толку натпревари бевме поразени.
Шесте младински селекции на Македонија од 14 до 19 години одиграа рекорден број натпревари за нецели четири месеци, но тоа што е многу позначајно е билансот на остварени победи на пресметките против силни противници на меѓународни турнири.
Координаторот на младинските репрезентации во Фудбалската федерација на Македонија, Зоран Стратев вели дека е исклучително задоволен од постигнатите резултати и создадената база во секоја од шесте младински репрезентации.
„Резултатите на младинските тимови во изминатиот период се позитивни како никогаш досега. Ако во минатото победите или позитивните резултати ретко не радуваа, од почетокот на оваа година навистина остваривме многу победи во натпревари против квалитетни репрезентации. Големиот број на одиграни натпревари секако придонесува за подобрување на играта на секоја селекција, но веројано најважниот дел е селектирањето на играчите и квалитетната работа на тренерите. Мораме да бидеме задоволни од постигнатото, но и да ни биде јасно дека ја кренавме границата, ги подигнавме критериумите и во иднина од овие селекции ќе се очекуваат големи резултати“, вели Стратев.
За секој национален тим е важно учеството на силни меѓународни турнири, координаторот на младинските репрезентации вели дека пресметките против силни репрезентации може само да го подигнат нашиот квалитет.„Ако во минатото нашите млади селекции играа натпревари само со најблиските соседи, сега учествуваме на силни меѓународни турнири и се надигруваме против репрезентации кој порано ни било страв и да ги спомнеме. Од дуели против Италија, Русија, Словачка, Англија...може само да го подигнеме квалитетот. Поминаа времињата кога велевме „Ова за нас е големо искуство“. Видовме дека можеме да се надигруваме и да победуваме против големи репрезентации. Оваа година запишавме неколку убави победи и тоа секако е голем поттик не само за фудбалерите, туку и за сите нас кои сме дел од младинскиот фудбал. Кон крајот на годината генерациите до 17 и 19 години играат квалификациски турнири во Италија и Полска и иако во групите има навистина силни противници, ние со право се надеваме дека може да се квалификуваме во елитната рунда на Уефа“, додава Зоран Стратев.
Неблагодарно е да се издвојуваат поединци, но во секоја од генерациите блеснаа неколку играчи кои во иднина може да изборат место и во А репрезентацијата на Македонија.„Речиси во секоја генерација има доста квалитетни фудбалери. Неблагодарно е да се издвојуваат поединци, но исто така, факт е дека одредени играчи го привлекоа вниманието со прикажаните игри. Емил Абаз, Здравковски, Елиф Елмаз, голманите Јанков и Стојчевски, потоа Есмин Личина, Колевски, Дејан Колушевски, Рустемоски, Чурлинов...доколку продолжат да се борат, тренираат и го почитуваат дресот на својот клуб и репрезентација можат да постигнат големи работи“.
„Секако
за овие резултати на македонските репрезентации голема заслуга имаат и
клубовите од каде што се селектирани играчите. Поквалитетната работа во
клубовите значи подобра база за репрезентацијата. Доколку се подобрат условите
за работа на младинските категории во сите клубови во Маккедонија, како што тоа
го направија Вардар или Академија Пандев, можеме да очекуваме уште подобри резултати
и нови квалитетни фудбалери, вели Стратев.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....