Објавено на 24 Март, 2016 во Вести, До 21 год
Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра нерешено, без голови против селекцијата на Исланд теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски" во натпревар од петтиот круг од квалификациите за пласман на Европското првенство во Полска 2017. Македонската селекција останува на третото место во групата со осум бодови, два помалку од Франција и четири во однос на Исланд, но со натпревар помалку од денешниот противник.
На
дуелот во Скопје, противникот прв се закани посериозно по нашиот гол преку
Вилхјалмсон во деветтата минута, но Алексовски беше на висина на задачата и го
одбрани неговиот удар. Како што одминуваше времето, избраниците на
селекторот Благоја Милевски играа се подобро. Македонија ја имаше иницијативата
во првото полувреме, бевме подобар противник и пропуштивме неколку добри шанси
за постигнување погодок. Најдобрата можност ја имаше Николов во 29. минута од
средбата, Бејтулаи одлично нафрли, а фудбалерот на Вардар со глава не успеа да
погоди од непосредна близина.
Во продолжението од натпреварот Македонија продолжи со офанзивна игра, играше на половината на противникот, создаваше шанси, но без реализација. Во одлични прилики за гол се најдоа Барди и Бејтулаи, а најдобрата можност на мечот ја имаше Даниел Аврамовски во 69. минута, кога од чиста позиција немаше среќа да погоди.
Репрезентации до 21 години, квалификации за Европско првенство, Полска 2017:
МАКЕДОНИЈА – ИСЛАНД 0:0 (0:0)
МАКЕДОНИЈА: Игор Алексовски, Егзон Бејтулаи, Ѓоко Зајков, Енис Барди, Бобан Николов, Маријан Радески, Давид Бабунски, Даниел Аврамовски (Тихомир Костадинов 80`), Дарко Велковски, Виктор Ангелов (Филип Пивковски 65`), Бесир Демири; Селектор: Благоја Милевски
ИСЛАНД: Алекс Рунарсон, Орн Амарсон, Ингл Јоханенсон (Хеидар Аегисон 74`), Ами Вилхјалмсон (Фиоки Фринбогасон79`), Мар Омарсон, Кари Фријонсон, Бувар Буварсон, Сигурор Омарсон, Елис Прандарсон, Хјортур Хермансон, Хоскулдур Гуниаугсон (Ари Јонсон 71`); Селектор: Евјолифур Сверисон
Главен судија: Нил Дојл (Ирска)
Помошни судии: Вејн Мекдоналд (Ирска), Марк Гавин (Ирска)
На
28. март во Ле Ман, репрезентацијата на Македонија до 21 година гостува на
силната Франција во натпреавр од шестиот круг во квалификацискиот циклус.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....