Објавено на 29 Август, 2016 во Вести, До 19 год
Репрезентацијата на Македонија до 19 години на 30. август и два дена подоцна ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Кипар до 19 години. Пријателските дуели ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Селекторот на Македонија до 19 години, Јетон Несими за натпреварите против Кипар ги повика следните 20-ет фудбалери:
Голмани: Ристе Јанков (Работнички), Христијан Стевковски (Скопје)
Одбрана: Виктор Стојковски (Металург), Михаил Маневски (Академија Пандев), Нехар Садики (Работнички), Антонио Митрев (Металург), Есмин Личина (Вардар);
Среден ред: Виктор Јовчевски (Капелен ЕРФТ, Германија), Ване Јованов (Академија Пандев), Давор Здравковски (Македонија Ѓ.П.), Стефан Чупчев (Васалундс ИФ, Шведска), Дарко Додев (Металург),, Ердон Даци (Вардар), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Шефит Шефити (Шкендија), Агон Хани (Словацко, Чешка), Јани Атанасов (Академија Пандев);
Напад: Милан Ристовски (Работнички), Марио Крстовски (Хоризонт Турново), Емил Абаз (Динамо Загреб, Хрватска);
-Нема големи промени во играчкиот кадар во однос на натпреварите кои ги одигравме изминатиот период. Овие фудбалери веќе одиграа голем број натпревари од пријателски карактер и постигнавме навистина добри резултати. Се надевам дека тој тренд ќе го продолжиме и на пресметките против Кипар, а ќе го крунисаме со добри и позитивни резултати на окромврискиот квалификациски турнир во Полска кога против домашната селекција, Словачка и Северна Ирска ќе се бориме за влез во елитната квалификациска рунда на Уефа, изјави селекторот на Македонија до 19 години, јетон Несими.
Двата натпревари Македонија - Кипар на тренинг центарот „Петар Милошевски“ започнуваат во 16:30 часот.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....