Објавено на 28 Јуни, 2021 во Вести
Mладата репрезентација на Македонија до 17 години успеа да слави победа над Албанија во борбата за трето место на меѓународниот турнир што се одржува во Градишка, Италија.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски во еден неизвесен натпревар, успеаа да слават победа со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Кире Стојанов во 28 минута од средбата.
МАКЕДОНИЈА: Давид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Хадис Таири, Амир Нухија, Мартин Ѓоргиевски, Кире Стојанов, Зани Назифи, Мухамед Елмас, Хакија Цановски;