Објавено на 13 Јануари, 2015 во Вести, До 21 год
Извршниот комитет на Уефа на 26. и 27. јануари ќе одлучува која држава ке биде домаќин на континенталниот собир за селекции до 21 година.
Нашата репрезентација е рангирана на 40-то место на листата на Уефа од вкупно 54-ри репрезентации. На извлекувањето во Нион, младата репрезентација на Македонија е во петтиот барабан со селекциите на Белорусија, Бугарија, кипар, Литванија, Асербејџан, Казахстан, Албанија и Летонија.
Прв барабан: Шпанија, Англија, Италија, Германија,Франција,Чешка, Португалија,Х оландија, Данска
Втор барабан:Русија, Швајцарија, Шведска, Србија, Израел, Украина, Словачка, Романија, Белгија
Трет барабан: Турција, Словенија, Австрија, Грција, Шкотска, Полска, Хрватска, Норвешка, Ерменија
Четврти барабан: Црна Гора, Финска, Велс, Унгарија, Исланд, БиХ, Грузија, Молдавија, Р.Ирска
Шести барабан: Естонија, Фарски острови, Северна Ирска, Луксембург, Малта, Сан Марино, Андора, Лихтенштајн
-Спроти ждрепката за квалификациските групи за ЕУРО 2017, би сакал да напоменам дека во голема мера, за можните наши противници ќе има влијание и нашето место на официјалната УЕФА ранкинг листа, каде сме на 40-то место, односно извлекувањето го чекаме од претпоследниот барабан. Без разлика на противниците со кои ќе се соочиме во нашата група, ние, стручниот штаб и играчите, сме одлучни во намерата да се движиме по веќе јасно поставените насоки, насоки кои ги поставивме на четирите претходно одиграни натпревари на кои остваривме исто толку победи, од кои две со селекции кои имаат далеку подобар рејтинг од нашиот, Романија (17. место) и Црна Гора (28. место). На овие натпревари покажавме одреден квалитет и тоа ни дава надеж дека можеме да се надигруваме против било кој тим. Не гледам причина така да не биде и на следните натпревари. Определбата е јасна, тимската игра на прво место, на секој натпревар да го дадеме својот максимум, да играме против секого без преголем респект и со верба во своите квалитети и можности, изјави селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски.