Репрезентацијата до 21 година ги започнува подготовките за натпреварот против Португалија

Објавено на 19 Мај, 2014 во До 21 год

Репрезентацијата на Македонија до 21 година денеска го имаше првиот собир пред почетокот на мини подготовките спроти натпреварот со Португалија од квалификациите за Европското првенство 2015.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година денеска го имаше првиот собир пред почетокот на мини подготовките спроти натпреварот со Португалија од квалификациите за Европското првенство 2015. Единствено Леонард Жута нема да биде во составот на репрезентацијата од фудбалерите на кој сметаше и упати повик селекторот на селекцијата, Бобан Бабунски. Играчот од одбраната е ослободен од обврските за натпреварот со Португалија поради обврски и на барање на неговиот клуб Хакен. Дополнителен повик селекторот Бабунски упати до Мите Цикарски од Вардар. Нашата млада репрезентација првиот тренинг ќе го одработи денеска од 18.00 часот на терените во комплексот „Куќа на фудбалот “. До пресметката од шестиот круг во групата 8 од квалификациите за ЕП, македонската репрезентација ќе тренира два пати дневно од 10.45 и 18.00 часот на терените во комплексот „Куќа на фудбалот“. Натпреварот против Португалија го играме на 23 мај (петок) во 18.00 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Гостинската репрезентација единствениот тренинг ќе го има на ден пред натпреварот во 18.00 часот.



   
   
А репрезентација