Објавено на 21 Август, 2019 во До 19 год
Македонската репрезентација до 18 години, предводена од селекторот Шкумбин Арслани, денес го одигра првиот натпревар од межународниот турнир Вацлав Јежек.
Во изедначениот натпревар против Украина нашата репрезентација претрпе минимален пораз од 2-1, со автогол пред самиот крај на натпреварот.
Македонските репрезентативци го отворија резултатот во 4та минута од натпреварот со голот на Максимов, и предноста ја имаа до самиот финиш на првото полувреме, кога Слусиар изедначи на 1-1.
Крајниот резултат од 2-1 беше поставен со постигнатиот автогол по центаршутот на Волинец од Украина.
За македонската репрезентација, избор на селекторот Арслани беа следните играчи: Иван Николовски, Филип Костовски, Александар Ѓурковски, Спасе Терзиев, Али Асани, Димитар Тодоровски, Иван Николов, Лука Станковски, Бехар Фета, Методиј Максимов, Марио Илиевски.
Резервни играчи: Христијан Китановски, Имран Фетаи, Влада Новески, Ерен Парталко, Азер Омерагиќ, Хамза Рамани, Алтрим Јакупи.
Следниот натпревар од турнирот во Чешка кој ќе го играме против репрезентацијата на Словачка на распоред е утре, на 22.08.2019 г. во 17.00 часот со што се заокружуваат фазите по групи.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....