Репрезентацијата до 17. години ги започна подготовките за квалификацскиот турнир на Кипар

Објавено на 20 Октомври, 2014 во До 17 год

Македонската репрезентација до 17. години ги започна подготовките за квалификацискиот турнир за пласман во елитната рунда на Уефа.

До заминувањето на турнирот кои се игра на Кипар, нашата репрезентација предводена од селекторот Боби Стојкоски подготовките ги одработува на тренинг камп во Дојран. Во нашата група се домашната селекција на Кипар и големите фаворити Франција и Англија. Селекторот на Македонија, Боби Стојкоски повика 18. играчи за натпреварите кои се играат од 25. до 30. октомври.

Голмани: Трајчевски Филип (ФК Вардар), Јанков Ристо (ФК Работнички)

Одбрана: Чуљевиќ Белмин (ФК Македонија ЃП), Митрев Антонио (ФК Металург), Терзиев Теодор  (ФК Македонија ЃП), Ристовски Кирил (ФК Работнички), Тодороски Тодор (ФК Металург), Гичевски Филип (ФК Работнички)

Среден ред: Хани Агон (ФК Академија Пандев), Личина Есмин(ФК Вардар), Тошески Милош (ФК Бродарац, Србија), Здравковски Давор (ФК Македонија ЃП), Садики Нехар(ФК Милано) , Љумани Семир (ФК Унтерахинг, Германија)

Напад: Крстовски Марио (ФК Хоризонт Турново), Ристовски Милан(ФК Работнички), Додев Дарко (ФК  Металург), Абаз Емил(ФК Андерлехт, Белгија)

-Во однос на составот не можеме да сметаме единствено на Сулејмани од полски Гдањск, сите други се во тимот, подготвени сериозно да ги одработат подготовките и во најдобра форма да патуваме за Кипар. Групата со домашната репрезентација, Франција и Англија е многу тешка, шанса за пласман во елитната рунда имаат и пет репрезентации како најдобро третопласирани, но и тоа значи дека мораме да освоиме бодови и против големите фаворити Англија и Франција. За нас сега е многу важно да се сконцентрираме на подготовките во Дојран, сериозно да ја сфатиме обврската и подготвени да ги дочекаме натпреварите. Иако сме свесни дека ќе биде многу тешко, ние сме позитивни, ќе се обидеме да се спротивставиме на трите натпревари и со малку среќа да се надеваме да добри резилтати, изјави селекторот на репрезентацијата, Боби Стојкоски.

Првиот натпревар македонската репрезентација го игра против Франција на 25. октомври, два дена подоцна играме против Англија, а на 30. октомври турнирот го затвораме против домашната селекција на Кипар. Натпреварите се играат во 15.00 часот по локално време.




   
   
А репрезентација