Објавено на 29 Март, 2021 во Вести, До 21 год
Нашите фудбалери одиграа одличен натпревар, доминиравме во сите аспекти од играта, противникот беше во целост надигран, сосема заслужена и убедлива победа.Во првите 45 минути Македонија постигна два гола. Марио Илиевски во 15 минута го отвори резултатот. На 2:0 зголеми Гроздановски во 30 минута.
Во продолжението избраниците на селекторот Благоја Милевски постигнаа уште три погодоци. Најпрвин противникот успеа да го намали резултатот на 2:1. Во периодот од 65 до 75 минута Максимов постигна два погодоци. Убедливата победа од 5:1 ја запечати Калкан во 80 минута од средбата.
„ Одигравме три добри и тешки натпревари, полека но сигурно влегуваме во посакуваната форма. Од меч во меч игравме се подобро, што резултираше на крајот со убедлива победа над Бугарија. На првата средба против Казахстан имавме малку потешкотии и неколку грешки , но тоа го поправивме на следните натпревари. Лично сум задоволен од тоа што го покажав во овие три натпревари, секогаш е чест да се носи дресот со државен грб. Тука се и моите соиграчи кои ми помагаат многу, сепак фудбалот е колективна игра и за успех не е доволен само еден играч. Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата, односот со селекторот е на едно високо ниво, секогаш треба да се слуша и почитува неговиот збор. Оваа репрезентација има квалитет и се надевам дека сите заедно во иднина ќе можеме да се радуваме на многу победи.", вели капитенот на Македонија, Дарко Чурлинов.
МАКЕДОНИЈА до 21: 1. Давид Денковски, 3. Филип Антовски, 4. Марио Младеновски, 6. Александар Ѓурковски, 7. Агон Елези, 8. Енис Фазлагиќ, 10. Дарко Чурлинов, 14. Марио Илиевски, 17. Филип Алексовски, 20. Томче Гроздановски, 25. Арби Воша;
Меѓународниот контролен турнир во Анталија, нашата селекција го заврши со по една победа, пораз и нерешено. Во првото коло бевме поразени од Казахстан со 2:1, одигравме нерешено 2:2 против Словачка, а сигурна и убедлива победа од 5:1 издвојувавме над Бугарија.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....