Објавено на 01 Април, 2016 во Вести, До 21 год
Пријателската пресметка против Белорусија ќе следува четири дена по квалификацискиот натпревар во Киев против Украина за пласман на Европското првенство.
-На натпреварот против Белорусија ќе повикаме фудбалери кои нема да настапат на квалификацискиот дуел против Украина. Најголем дел од играчите кои ќе добијат повик за натпреварот против Белорусија ќе бидат од генарацијата до 20 години, фудбалери родени 1996/97. Целта е веќе да ги подготвуваме фудбалерите за наредниот квалификациски циклус, да ја почувствуваат атмосферата во тимот, да се соочат со принципите за работа и да се обидеме да го вметнеме натпревачкиот дух кој ја краси селекцијата до 21 година, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.
На трите официјални пријателски натпревари под водство на Благоја Милевски остваривме две победи против Романија (2:1) и Црна Гора (1:0), ремизиравме на гостувањето во Словенија (1:1).Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....