Репрезентација до 21 година: Здрави, подготвени, со нетрпение се чека Шкотска

Објавено на 02 Септември, 2016 во Вести, До 21 год


Македонската репрезентација до 21 година вечерва од 20:30 часот во Единбург го игра квалификацискиот натпревар против Шкотска за пласман на ЕП 2017. Избраниците на селекторот Благоја Милевски по седум круга од квалификациската група се на делба на второто место и имаат голема шанса со поволен резултат од денешната пресметка да го продолжат сонот за пласман на големо натпреварување. Егзон Бејтулау ќе заигра за Македонија до 21 година во еден од одлучувачките дуели за пласман на континенталниот шампионат.

Сите знаеме дека Шкотска е силна репрезентација, но селекторот добро не подготвува и со нетрпение го чекаме натпреварот. Вечерашниот дуел е исклучително важен за да останеме на врвот во групата и да бидеме чекор поблиску до Европското првенство. Верувам дека ќе успееме“, вели Бејтулау, членот на тетовска Шкендија.

Македонија против Шкотска ќе игра двапати во последните три кола. Нашата селекција има 12 бода, колку што има и Исланд, додека лидер е Франција. Но, Македонија на последните три гостувања освои седум бодови и нема пораз со две победи (Северна Ирска и Украина) и нерешен резултат против Франција.

„Здрави сме, подготвени и едвај го чекаме натпреварот. На теренот во Единбург треба да покажеме дека сме подобри од Шкотска. Во овие квалификации покажавме сила и знаење, не мораме премногу да се фокусираме на противникот, туку треба да се држиме до своето ниво и начин на игра, така можеме да останеме на врвот во групата“, вели Дарко Велковски, фудбалерот на Вардар.





   
   
А репрезентација