Објавено на 22 Март, 2017 во Вести, До 21 год
Македонија - Црна Гора
Контролен натпревар
24. март 2017., 14:00
Тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје.Подготовките за пријателскиот натпревар против Црна Гора ги продолжува репрезентацијата на Македонија до 21 година од генерацијата 1996/97. По двата тренинзи на стадионот во Ѓорче Петров денеска селекцијата предводена од Благоја Милевски тренираше на комплексот „Петар Милошевски“.
Фудбалерот на Работнички Елиф Елмаз вели дека натпреварот против црногорците е вистински тест за новата генерација фудбалери до 21 година.
-За секој фудбалер е радост што има можност да биде дел од националната селекција, апсолутно не чувствуваме притисок, напротив. За нас е привилегија што сме избрани во составот на Македонија и даваме се од себе да ја оправдаме довербата. Го знаеме начинот на работа во селекцијата, сериозно ги сфаќаме задачите кои ги контролира стручниот тим и мислам дека тоа е правилен пристап. Ова е нова генерација, но имаме квалитет за нови големи резултати. Се надевам на добра игра против Црна Гора, изјави Елмаз.
Напаѓачот Петар Петковски вели дека максимално мотивирано ќе влезат на пресметката со Црна Гора.
-Иако е пријателски натпревар сите сме максимално мотивирани и во петок одиме на победа. Влегуваме без притисок и страв со намера да одиграме најдобро. Уживаме во тренинзите, се надевам дека тој начин на работа ќе го пренесеме и на теренот, истакна фудбалерот на Вардар.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....