Објавено на 30 Мај, 2015 во Вести, До 21 год
Денеска на тимот предводен од селекторот Благоја Милевски му се приклучија Ѓоко Зајков (Рен, Франција), Енис Барди (Ујпешт, Унгарија) и Дарко Велковски (Работнички). Нашите репрезентативци се мотивирани, полни со самодоверба и голема желба квалитетно да ги одработат подготовките и да му се спротивстават на противникот на негов терен на 11. јуни во Хафнарфјордур.
-Многу сум задовлен од почетокот на подготовките, навистина работиме одлично. Среќен сум што сум дел од оваа генерација која има цел да направи голем резултат. Тренираме со надеж дека оваа напорна работа ќе ни овозможи да се радуваме на позитивен резултат против Исланд. На последните неколку пријателски натпревари покажавме дека можеме да се надигруваме со секоја репрезентација, на тој начин ќе се однесуваме и на првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство, вели Енис Барди, фудбалерот на унгарски Ујпешт.
Дефанзивецот на Рен, Ѓоко Зајков смета дека позитивната атмосфера во репрезентацијата многу ќе влијае да се започнат квалификациите со добар резултат од гостувањето на Исланд.
-Одлично е тоа што подготовките за натпреварот траат подолго од вообичаеното, за нас е важно да останеме во натпреварувачка форма. Атмосферата во тимот е одлична, ние сме семејство, тоа е нешто што му дава дополнителна енергија на секој играч во составот. Јасно е дека оваа генерација поседува квалитет, ние знаеме што сакаме и се надевам дека ќе го оствариме зацртаното, а тоа е да даваме максимум на секој натпревар и да се радуваме на позитивни резултати, вели Зајков.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....