Објавено на 13 Октомври, 2015 во Вести, До 21 год
Со победата од 2:1 го остваривме вториот триумф од три меча во циклусот за пласман на континенталниот шампионат.
Иако по првите 45. минути губевме со 1:0, во вториот дел преку головите на Барди и Маркоски направивме комплетен пресврт. Ова е втор триумф во овие квалификации по оној над Украина на домашен терен, и со шест бода во моментов се наоѓаме на втората позиција.
Македонија беше далеку подобар противник и доминираше во текот на целиот натпревар. Имавме четири одлични шанси за гол преку Барди, два пати се обиде Висар Муслиу, а Даниел Аврамовски ја погоди и стативата со удар со глава во 37. минута. Казната за пропуштените прилики стигна две минути пред полувремето кога Џош Доерти погоди со глава по корнер за противникот.
Во продолжението веднаш израмнивме, нововлезениот Виктор Ангелов му асистираше на Енис Барди за израмнување во 46. минута. Шанса за целосен пресврт имаше Бобан Николов во 53. минута, но неговиот удар заврши над голот. Висар Муслиу имаше и трета шанса за гол но, немаше среќа да се радува на гол. На 10. минути до крајот на дуелот, Македонија уште еднаш ја погоди стативата од голот овој пат шутираше Давид Банунски. Пресвртот го направи Кире Маркоски во 85. минута од натпреварот и донесе заслужена победа за Македонија.
Во следното коло Македонија игра на домашен терен против Франција на 15 ноември оваа година.
МАКЕДОНИЈА:Алексовски, Мусли, Зајков, Мурати, Демири, Барди, Николов, Аврамовски (Ангелов 45’), Бабунски (90’ Мустафов), Радески (89’ Костадинов), Маркоски
Репрезентација до 21 година: КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП (ГРУПА 3)
С. Ирска – МАКЕДОНИЈА 0-2
Франција – Украина 2-0
Шкотска – Исланд 0-0
ТАБЕЛА: Исланд (5 натпревари) 11 бода, МАКЕДОНИЈА (3) 6 бода, Франција (3) 6 бода, Шкотска (3) 4 бода, С. Ирска (3) 1, Украина (3) без бодови.