Објавено на 29 Мај, 2015 во Вести
Селекторот на нашата млада репрезентација Благоја Милевски дефинитивно нема да смета на Христијан Денковски. Фудбалерот на холански Гронинген поради повреда ќе го пропушти натпреварот во Хафнарфјордур против домашниот Исланд. Поради првенствен натпревар на 7. јуни, Давид Бабунски не доби дозвола од неговиот тим Барселона Б да му се стави на располагање на селекторот Милевски на подготовките во Скопје и Охрид и ќе се приклучи на репрезентативниот тим на собирот на Исланд. Дарко Велковски, Енис Барди и Ѓоко Зајков од утре ги започнуваат подготовките со селекцијата, додека на 3. јуни во Охрид пристигнуваат Бобан Николов и Дорјан Бабунски.
-Почнавме со работа, денеска го одработивме првиот тренинг од планираните четири во Скопје. Верувам дека фудбалерите ќе ја сфатат сериозноста на подготовките и предизвикот со кои заеднички ќе се соочиме. Најважно е да бидеме здрави и подготвени да го дочекаме натпреварот со Исланд, вели Благоја Милевски.
Квалификацискиот натпревар против Исланд се игра на 11. јуни на гостински терен во Хафнарфјордур.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....