Објавено на 13 Јуни, 2024 во Футсал
Македонската А футсал репрезентација забележа победа на првиот контролен натпревар против Црна Гора.
Дуелот одигран во Никшиќ мина во наша доминација, победивме со резултат 2:0. Првото полувреме заврши со предност за Македонија. Голоѕ за наша предност го постигна Драган Петровиќ. Во вториот дел постигнавме уште еден гол преку Таулант Исмаил за конечни 0:2.
Димитар Јанев имаше добри шанси за гол во првото полувреме, како и Берат Рамадан и Иван Крстевски во вториот дел.
Вториот контролен натпревар против Црна Гора го играме утре од 17:00 часот.