Објавено на 31 Август, 2015 во До 21 год
По објавувањето на списокот на фудбалери за овој натпревар, но и за контролниот дуел со Австралија два дена подоцна, селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски вели:
„Верувам во квалитетот на овие играчи и очекувам да го покажат вистинското лице на овој важен квалификациски натпревар и да го дадат максимумот. Верувам во оваа генерација за која сметам дека поседува огромен потенцијал. Дополнителен мотив претставува и фактот што ова за нас ќе биде прв натпревар на тренинг-центарот „Петар Милошевски".
„После повредата од пред два месеци, физички и психички сум подготвен да играм за репрезентацијата. Од Унгарски Ујпешт доаѓам во полна сила и со верба дека заедно со моите соиграчи ќе дадеме сé на теренот за да ја однесеме Македонија во победа. Селекторот Милевски е човек што носи голема енергија и многу ентузијазам, затоа и момците се мотивирани и атмосферата е на највисоко ниво. Верувам дека сме квалитетна репрезентација, добра генерација и за довербата што селекторот ја има во нас - треба да возвратиме со победа“ - изјави Енис Барди.
Селекцијата на Македонија до 21 година првиот собир пред почетокот на квалификациите го има денес во хотелот „Александар Палас", а тренинзите ќе се одвиваатна тренинг-центарот „Петар Милошевски" од денес до 4 септември.
„Секој од нас е дојден да игра за националниот тим со голема воља и гордост. Денес е нашиот прв тренинг, а веќе од утре ќе работиме на анализа на противничкиот тим. Очекувам на натпреварот со Украина да докажеме дека вредиме и како поединци и како репрезентација. Отсуството на Бабунски е мал хендикеп за нас, бидејќи е еден од нашите најважни играчи, но убеден сум дека ќе дадеме сé од себе и дека тоа отсуство ќе го надокнадиме. Играме на домашен терен, си помагаме, се мотивираме едни со други, поддршката меѓу нас е голема, дојдени сме за победа“ - изјави Кире Маркоски.
Демир Имери поради добрата форма во екипата на Хоризонт Турново е повикан на местото на Јасир Асани, а Петар Петковски од ФК Вардар е дојден на местото на Давид Бабунски, кој не беше во можност да ѝ се приклучи на репрезентацијата.
Дуелот од квалификациите против селекцијата на Украина се игра на 5 септември со почеток од 16.00 часот, а контролниот дуел со Австралија е закажан два дена подоцна, на 7 септември во 16.30 часот.
Влезот за публиката е бесплатен.
„Сите се поканети да ја подржат репрезентацијата во походот кон нови победи", додава Милевски.Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....