Објавено на 17 Мај, 2016 во Вести, До 21 год
Селекторот на репрезентација на Македонија до 21 година Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за претстојниот квалификациски натпревар против Украина на гостински терен на 27 мај.
На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат 23-ца фудбалери, нови имиња се Ељиф Елмаз од Работнички и фудбалерот на Силекс, Кристијан Филиповски.
Голмани: Игор Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Дамјан Шишковски (Работнички), Филип Илиќ (Металург);
Одбрана: Дарко Велковски (Вардар), Ѓоко Зајков (Шарлерој, Белгија), Висар Муслиу (Ренова), Бесир Демири (Шкендија), Мевљан Мурати (Шкупи), Егзон Бејтулау (Шкендија), Алекса Амановиќ (Јавор, Србија);
Среден ред: Бобан Николов (Вардар), Енис Барди (Ујпешт, Унгарија), Давид Бабунски (Црвена Звезда, Србија), Даниел Аврамовски (ОФК Београд, Србија), Кристијан Филиповски (Силекс), Енур Тотре (Шкендија), Елиф Елмаз (Работнички);
Напад: Марјан Радески (Шкендија), Тихомир Костадинов (Банска Бистрица, Словачка), Филип Пивковски (Ландскрона, Шведска), Виктор Ангелов (Ујпешт, Унгарија), Кире Маркоски (Работнички), Петар Петковски (Вардар);
Првиот собир репрезентацијата на Македонија го има на 21. мај во 10:00 часот во хотелот „Александар Палас“. Првиот тренинг ќе го имаат истиот ден во 17:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Во продолжение распоредот на тренинзи:
21. мај – 17:30 -19:30; 22. мај – 18:30 – 20:30; 23. мај – 17:30 – 19:30; 24. мај – 17:30 – 19:30; 25. мај – 11:00 – 13:00; 26. мај – 10:00 – 12:00
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....