Репрезентација до 21 година: Благоја Милевски го објави списокот за Белорусија

Објавено на 28 Мај, 2016 во Вести


По големиот триумф против Украина во Киев, репрезентацијата на Македонија до 21 година се врати во Скопје и ги продолжува подготовките за контролниот натпревар против Белорусија на 1. јуни (среда) на домашен терен. Како што е познато осуммина фудбалери од младата репрезентација веќе се наоѓаат во австриски Шфадорф на подготовки со А селекцијата за натпреварот со Азербејџан. Во тимот на Игор Ангеловски место доби и Бесир Демири, додека Ѓоко Зајков ќе биде во комбинација за настап во А селекцијата за контролниот дуел со Иран во Скопје. Селекторот на нашите надежи, Благоја Милевски за натпреварот со Белорусија ќе смета на следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Дамјан Шишковски (1995) - Работнички,  Филип Илиќ (1997) - Металург; ОДБРАНА: Висар Муслиу (1994) – Ренова, Мевљан Мурати (1994) – Шкупи, Алекс Симовски (1996) - Акрополис, Шведска, Дин Аломеровиќ (1997) – Еуромилк, Јован Поп Залатнов (1996) – Тетекс, Стефан Костов (1996) – Брегалница, Алекса Амановиќ (1996) -  Јавор, Србија; СРЕДЕН РЕД: Елиф Елмаз (1999) – Работнички, Кристијан Филиповски (1996) – Силекс, Тихомир Костадинов (1996) - Банска Бистрица, Петар Крстиќ (1997) - Раднички Ниш, Србија, Лиридон Иљази (1996) – Влазерими, Енур Тотре (1996) - Шкендија; НАПАД: Даниел Аврамовски (1995) - ОФК Београд, Србија, Кире Маркоски (1995) – Работнички, Виктор Ангелов (1994) - Ујпешт, Унгарија, Петар Петковски (1997) – Вардар, Рок Танески (1997) - Марибор Б, Словенија, Бенјамин Демир (1996) – Тетекс;

-Како што кажавме претходно, најголем дел од играчите кои добија повик за натпреварот против Белорусија се од генарацијата до 20 години, фудбалери родени 1996/97. Целта е веќе да ги подготвуваме фудбалерите за наредниот квалификациски циклус, а доколку го поседуваат квалитетот потребен за место во тимот ние ќе ги препознаеме. Против Белорусија ќе настапат и оние кои не беа во комбинација за натпреварот во Киев. Ова е добра можност играчите да го покажат потенцијалот против силна репрезентација како Белорусија. Во нашиот тим ги вклучивме и интернационалците Алекс Симовски и Петар Крстиќ кои веќе имаат настап за нашата селекција до 19 години, а за прв пат во дресот на Македонија ќе игра Рок Таневски од Марибор. Се надевам дека сите ќе придонесат за успех на репрезентацијата, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.




   
   
А репрезентација