Објавено на 13 Септември, 2016 во До 19 год
Во израмнета игра, резултатот го отвори репрезентацијата на БИХ преку Денис Зериќ во 19 минута. Нашите млади фудбалери ирамнија во 47 минутасо погодокот на Бојан Колевски кој влезе во игра на почетокот на второто полувреме и веднаш постигна погодок.
Нермин Хајдаревиќ во 76 минута повторно ја доведе репрезентацијата на БИХ во водство, но пред самиот крај на натпреварот, 4 минути во судиското продолжение Кристијан Трапановски повторно го израмни резултатот поставувајќи ги конечните 2-2.
Јас сум задоволен и од играта и од резултатот. Се разбира дека секогаш има место за напредок, меѓутоа треба да имаме во предвид дека нашиот тим е составен од многу помлади играчи, за кои сметаме дека вреди да им се даде шанса. Пред нас е првата фаза на квалификации, во група сме со Полска, Словачка и Северна Ирска, и искрено сметам дека овие подготовки ќе ни укажат на она што треба да го подобриме пред квалификациските натпревари во Полска, на 6ти, 9ти и 11ти октомври. Се надевам дека ова ќе го покажеме веќе на вториот натпревар против БИХ кој ќе се одигра на 15ти септември – четврток со почеток во 11.00 часот, повторно на ФФМ тренинг центарот – изјави селекторот Јетон Несими.
МАКЕДОНИЈА У19: Стевковски, Јованов (Тодоровски 83’), Маневски, Атанасов (Стојчевски 83’), Бајрами, Митрев (Кировски 83’), Шефити (Ферукоски 46’), Мустафиќ (Јусуф 69’), Крстовски (Колевски 46’), Елмаз, Додев (Трапановски 46’).Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....