Објавено на 15 Септември, 2016 во До 19 год
Избраниците на селекторот Јетон Несими одиграа многу подобар натпревар во споредба со првата меѓусебна средба, креира неколку одлични можности и постигнаа два гола доволни за сигурна победа. Првиот погодок беше дело на Филип Стојчевски во 44. минута од првото полувреме.
Во продолжението, противникот се отвори, со оглед на негативата, и остави поголем простор за игра на нашите фудбалери кои успеаа да постигнат уште еден пофодок во мрежата Јовиќ. Голот го постигна Дарко Додев во 77. минута за конечни 2:0.
„Најпрво сакам да им честитам на моите фудбалери за победата која ја остварија со многу труд и борба на теренот. Ги исполнија сите мои задачи кои им ги поставив пред натпреварот. Се придржуваат до моите инструкции и одиграа натпревар на едно високо ниво. Иако се работи за фудбалери кои се една година помлади од стандардните членови на репрезентацијата до 19 години, докажаа дека заслужуваат да го носат овој дрес и потврдија дека се фудбалери на кои ќе се смета во иднина", - изјави селекторот Јетон Несими.
МАКЕДОНИЈА - БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 2:0 (1:0)
(1:0 Филип Стојчевски 44`; 2:0 Дарко Додев 77`)
МАКЕДОНИЈА У19: Артан Илјази, Михаел Маневски, Јани Атанасов (Бенџамин Муставиќ), Медин Бајрами, Антонио Митрев, Шефит Шефити (к) (Андреј Кировски), Тодор Тодоровски (Ване Јованов), Филип Стојчевски (Алпај Јусуф), Кристијан Ацковски (Бојан Колевски), Марко Феруковски (Кристијан Трапановски), Дарко Додев (Марио Крстовски); Селектор: Јетон Несими;
За потсетување, првиот натпревар помеѓу овие две селекции заврши без победник, 2:2.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....