Репрезентација до 19 години: МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА 1:2 (0:0)

Објавено на 13 Октомври, 2015 во Вести, До 19 год


Репрезентација до 19 години: МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА 1:2 (0:0)

УЕФА квалификациски турнир, Скопје.
Стрелци: 1:0 - Рони Пеипонен (57`); 2:0 - Оскари Јаконен (69`); 2:1 - Петар Петковски (84`)

Македонија: 1. Филип Илиќ, 2. Слободан Боцевски, 3.Стефан Јефтоски, 7. Емил Абаз (18. Ремзифаик Селмани 61`), 8. Давор Здравковски, 9. Петар Петковски (к), 10. Валентин Кочоски, 11. Мартин Христов (16. Матеј Цветаноски 71`), 13. Шаип Тела, 14. Христијан Каранфиловски, 15. Бурим Авдулахи (17. Саше Шопоски 85`)

Македонската репрезентација до 19 години со пораз го заврши настапот на квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза за Европското првенство идната година. Македонија до 19 години беше поразена од Финска со 2-1 во третиот круг од натпреварите во групата 4.

На денешниот натпревар против селекцијата на Финска, нашата репрезентација може да жали за неколкуте пропуштени можности. Во сериозни прилики за постигнување гол кај селекцијата предводена од Горан Станиќ се најдоа Петар Петковски и Валентин Кочовски. Во последната минута од првото полувреме, Петковски излезе сам пред голот на Финска, но неговиот удар заврши крај голот на противникот. Во одлична ситуација во продолжението беше и Кочовски, но исто така не успеа да реализира. Головите за противникот беа дело на Пеипонен во 57-та и Оскар Јаконен во 69. минута. Нашиот капитен Петар Петковски со задоцнет погодок од пенал успеа само да ја намали предноста на финците и да ги постави конечните 2:1.


На денешниот втор натпревар од третиот круг, Англија одигра нерешено, без голови против селекцијата на Италија.

По одигрувањето на последните натпревари од првата квалификациска фаза  во Скопје, Англија како прва се пласираше во следната фаза со седум освоени поени, Италија заврши на втората позиција со пет, а третото место и припадна на селекцијата на Финска која освои четири поени. 




   
   
А репрезентација