Репрезентација до 19 година: Македонија - Кипар 1:1

Објавено на 13 Мај, 2016 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години одигра 1:1 на гостувањето кај Кипар на возвратната контролна пресметка меѓу двете селекции.

Нашата млада репрезентација пропушти неколку одлични шанси за победа и може слободно да жали што не забележа тримф на пријателскиот меч на Кипар против соодветната домашна селекција. Мечот заврши 1:1, а ние не само што примивме гол во самиот финиш, односно испуштивме водство, туку и во меѓувреме промашивме голем број на шанси.
Во првиот дел шанси промашија, Шефити, Ристовски, Додев и Елиф Елмас, а во второто полувреме Михаил Маневски постигна убав гол. Тоа се случи во 73. минута, но за жал не успеавме да издржиме. Кипраните изедначија во 82. минута по една мешаница во нашиот шеснаесетник. Ние се враќаме дома со две ремија откако првиот меч заврши 2:2.

МАКЕДОНИЈА: Трајчевски, Садики, Личина, Тодоровски, Хани, Здравковски, Шефити, Додевки, Додев, Ристовски, Елмас.




   
   
А репрезентација