Репрезентација до 18 години: Победа против Украина

Објавено на 30 Април, 2016 во Вести


Македонската репрезентација до 18 години ја совлада Украина со 1:0 на турнирот "Словачка куп" и го освои петтото место на традиционалниот турнир. Давор Здравковски од пенал во педесеттата минута го постигна голот за победа на нашата репрезентација откако Ердон Даци претходно беше соборен во шеснаесетникот. 

Македонија на овој натпревар прикажа убедливо најдобра игра на турнирот и заслужено се радуваше. Покрај погодокот нашите млади фудбалери имаа уште неколку одлични шанси, но за жал, не искористивме ниту една. Во првото полувреме, Милан Ристовски не реализираше две добри прилики, а во продолжението Марио Крстовски имаше сто процентна шанса, но не се снајде најдобро.

Македонија: Јанков, Хани, Садики, Личина, Сулејмани, Даци, Ристовски, Здравковски, Миловановиќ, Стојковски, Елмас. 

Турнирот го освои репрезентацијата на САД која во финалето ја победи Русија. 



   
   
А репрезентација