Објавено на 24 Ноември, 2015 во Вести, До 19 год
Младата репрезентација на Македонија до 18 години е поразена со 2:0 од Унгарија во рамки на првата контролна средба одиграна меѓу двете селекции.
На тренинг центарот „Телки“ на Унгарската фудбалска федерација, нашите млади фудбалери и покрај поразот одиграа добар натпревар. Голот за водство Унгарија го постигна преку Филип Драгонер во десеттата минута по грешка на нашата одбрана. Во продолжението бевме подобар противник на теренот, доминиравме и создававме шанси, меѓутоа недостасуваше финална завршница. Казната за нереализираните шанси стигна во 85. минута кога Балинт Томошвар го постигна вториот гол за својата селекција.
Вториот
пријателски натпревар меѓу Македонија и Унгарија се игра на 26. ноември (четврток) со
почеток од 11.00 часот.
УНГАРИЈА - МАКЕДОНИЈА 2:0 (1:0)
(1:0 Филип Драгонер 10`; 2:0 Балинт Томошвари 85`)
МАКЕДОНИЈА: 1.Филип Трајчевски 2.Тодор Тодороски 3.Семават Сефери 5.Нехар Садики 6.Бајрами Медин 18.Ељиф Елмаз 10.Давор Здравковски 7.Емил Абаз 8.Бењамин Мустафиќ 9.Милан Ристовски 16.Виктор Димков;