Репрезентација до 18 години: Македонија одигра нерешено без голови против Норвешка

Објавено на 25 Април, 2016 во Вести, До 19 год



Репрезентацијата на Македонија до 18 години го одигра првиот натпревар во рамките на меѓународниот турнир „Словачка куп" против селекцијата на Норвешка. Избраниците на селекторот Јетон Несими одиграа нерешено, без голови, и можат да жалат за пропуштените прилики, особено во првиот дел.

Нашите фудбалери беа далеку подобар противник од селекцијата на Норвешка во првото полувреме, во кое немавме среќа, пропуштивме одлични можности за постигнување на погодок. Најдобрите прилики ги имаше Милан Ристовски, меѓутоа напаѓачот на Работнички не успеа да се запише во листата на стрелци. Во одлични шанси за погодок уште се најдоа и Есмин Личина и Албан Сулејмани. 

Во продолжението од натпреварот, Македонија го забави ритамот, имаше мал пад во играта. Треба да се напомене и тоа дека временските услови за фудбал не беа баш најдобри, имаше премногу ветер што им правеше проблем и на двете репрезентации.

Норвешка - Македонија 0:0 (0:0)

МАКЕДОНИЈА: Ристе Јанков, Тодор Тодоровски, Михаил Маневски, Агон Хани, Нехар Садики, Есмин Личина, Албан Сулејмани, Ердон Даци, Милан Ристовски, Давор Здравковски, Даниел Миловановиќ; Селектор: Јетон Несими

Репрезентацијата на Македонија утре со почеток од 11:00 часот го игра вториот натпревар од турнирот против селекцијата на Русија.




   
   
А репрезентација