Репрезентација до 18 години: Македонија – Бугарија 1:1 на возвратниот контролен натпревар

Објавено на 14 Април, 2016 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 18 години одигра 1:1 против селекцијата на Бугарија до 18 години на возвратниот контролен натпревар во Скопје.

Селекторот на нашата репрезентација, Јетон Несими направи пет замени во почетниот состав во однос на првиот натпревар против Бугарија пред два дена кој Македонија го доби со 1:0 со голот на Давор Здравковски.

Бугарските фудбалери го отворија резултатот во 14. минута. Илијан Стефанов по центаршут од корнер беше највисок во скокот и со глава ја смести топкта во мрежата на Јанков. Нашата млада репрезентација најдобрата шанса за израмнување ја пропушти во 35. минута кога во добра шанса влезе Албан Сулејмани, но неговиот удар го одбрани голманот на Бугарија, Наумов.

Во второто полувреме, двете селекции не создадоа вистинска прилика за погодок. Најважниот момент од продолжението се случи во 70. минута кога Албан Сулејмани од слободен удар го израмни резултатот на 1:1. Во последната минута од натпреварот во полушанса се најде Дарко Додев, но неговиот удар го изблокираа бугарските дефанзивци.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДО 18 ГОДИНИ: МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА 1:1 (0:1)

Пријателски натпревар, Тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје

Стрелци: 0:1 – Илијан Стефанов (14`), 1-1 – Албан Сулејмани (70`)

МАКЕДОНИЈА: Филип Јанков, Виктор Стојковски (Тодор Тодоровски 46`), Михаил Маневски,  Нехар Садики (Антонио Митрев`), Есмин Личина, Дарко Додевски, Давор Здравковски (Агон Хани 46`), Даниел Миловановиќ (Ердон Даци 46`), Шефит Шефити (Дарко Додев 46`), Албан Сулејмани, Милан Ристевски; Селектор: Јетон Несими

БУГАРИЈА: Даниел Наумов, Петар Генчев, Васил Добрев, Маријан Димитров, Ангел Љасков, Илијан Стефанов, Асен Чандаров, Георги Русев, Светослав Ковачев,Тонислав Јорданов, Добромир Бонев; Во игра уште влегоа: Здравков, Славов, Чукалов, Јошков, Димитров, Головодов и Христов. Селектор: Светослав Тодоров




   
   
А репрезентација