Објавено на 08 Април, 2016 во Вести, До 19 год
Репрезентацијата на Македонија до 18 години ќе одигра два контролни натпревари против Бугарија до 18 години. Дуелите ќе се одиграат на 12. април (вторник) со почеток во 16:00 часот и 14. април (четврток) со почеток во 11:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Селекторот на Македонија до 18 години, Јетон Несими за пријателските натпревари против Бугарија ги повика следните фудбалери:
Голмани: Трајчевски Филип (Вардар), Јанков Ристе
(Работнички);
Одбрана: Стојковски Виктор (Металург), Садики Нехар (Еуромилк), Митрев Антонио (Металург), Тодоровски Тодор (Металург), Маневски Михаил (Академија Пандев);
Среден ред: Здравковски Давор (Македонија ЃП), Елмаз Елиф (Работнички), Хани Агон (Младост ЦД), Есмин Личина (Вардар), Албан Сулејмани (Ренова), Додев Дарко (Металург), Миловановиќ Даниел (Академија Пандев), Шефити Шефит (Шкендија);
Напад: Александар Мишев (Академија Пандев), Ристовски Милан (Работнички), Ердон Даци (Вардар);
Собирот на нашиот тим е закажан во понеделник, 11. април.
Македонската
репрезентација се подготвува за октомврискиот квалификациски циклус во Полска и
веќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Финска. На квалификациите за пласман во елитната фаза, Македонија е во група со Словачка, Северна Ирска и домаќинот Полска.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....