Објавено на 27 Мај, 2016 во Вести, До 19 год
Македонската репрезентација до 18 година ќе одигра два контролни натпревари против врсниците од Азербејџан на 1-ви и 3-ти јуни на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Двата пријателски меча започнуваат во 10:30 часот. Селекторот на македонската репрезентација, Јетон Несими за натпреварите против Азербејџан ги повика следните фудбалери:
Голмани: Ристе јанков (Работнички), Филип Трајчевски (Вардар);
Одбрана: Ване Јованов (Академија Пандев), Михаил Маневски (Академија Пандев), Виктор Стојковски (Металург), Нехар Садики (Еуромилк), Антонио Митрев (Металург), Есмин Личина (Вардар), Агон Хани (Младост Ц.Д.);
Среден ред: Давор Здравковски (Македонија Ѓ.П.), Филип Михаилов (Академија Пандев), Ердон Даци (Вардар), Албан Сулејмани (Ренова), Даниел Миловановиќ (академија Пандев), Шефит Шефити (Шкендија), Дарко Додев (Металург), Елиф Елмаз (Работнички);
Напад: Марио Крстовски (Хоризонт Турново), Милан Ристовски (Работнички), Емил Абаз (Андерлехт, Белгија);
-Составот
е речиси ист како и на предходните натпревари, костурот на оваа генерација веќе
го имаме, веројатно ова се играчите кои ќе го понесат товарот и на
октомвриските квалификации во Полска за пласман во елитната група на Уефа. Оваа
година веќе одигравме десет контролни натпревари и треба да бидеме задоволни од
резултатите и напредокот на тимот. Не радува тоа што на секој собир, тренинг и
натпревар екипата се однесува подобро и позрело, посебно на последните две
пресметки на гостувањето во Кипар и се надеваме дека таа е насоката која ќе ја
продолжиме, изјави селекторот на репрезентацијата Јетон Несими.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....