Репрезентација до 18 година: Реванш на Црна Гора

Објавено на 09 Март, 2017 во Вести


Пораз на македонската репрезентација до 18 години на вториот котролен натпревар против соодветната селекција на Црна Гора. Избраниците на Вујадин Станојковиќ во ефикасна фудбалска претстава се поразени со 3:4 со што гостите се реваншираа за минималниот пораз од пред два дена од 1:0.

Црна Гора макисмалано ги користеше грешките на нашата одбрана. И кога се чинеше дека по предноста од 0-4 лесно ќе стигне до победата, малку недостасуваше нашите репрезентативци да направат целосен резултатски пресврт. Првиот гол за момчињата во „жолта опрема“ го постигна Енис Фазлагиќ од пенал во 61. минута . Потоа следуваше евро голот на Диме Митровскиво 63. минута со полуволеј од 17. метри и погодокот на Кирил Ристовски со глава во 72. минута. Во финишот на средбата Митровски се најде очи во очи со противничкиот голман, но големата шанса остана без реализација. Головите за гостинските фудбалери ги постигнаа: Вукотиќ Илија од пенал (1. минута) , Павле Крстовиќ ( 49. и 59. минута) и Алекса Мирушиќ (58. минута).

Македонија- Црна Гора 3:4 (0-1)

Македонија: Артан Иљази, Тодор Тодоровски, Мерис Факиќ, Филип Стојчевски, Антонио Митрев, Кирил Ристовски, Марко Феруковски, Енис Фазлагиќ, Арбин Зејнулаи, Димитар Митровски и Кристијан Трапановски Резерви: Христијан Стевковски, Михаил Маневски, Бане Маневски и Бојан Колевски.

Црна Гора: Филип Ѓукиќ, Радуле Крупановиќ, Никола Ќумбуровиќ, Јован јаблан, Мирза Хот, Павле Крстовиќ, Алекса Марушиќ, Огњен Стијеповиќ, Звонко Цеклиќ, Илија Вукотиќ и Владан Бобоња.Резерви: Максим Миловиќ,  Мартин Пренковиќ, Василије Терзиќ. Милош Зечевиќ, Анџелко Јовановиќ, Милош Дринчиќ, Огњен Пелиќ и Божидар Бујша.





   
   
А репрезентација