Објавено на 27 Март, 2021 во До 17 год
Репрезентацијата на Македонија до 17 години забележа пораз во првиот контролен дуел со соодветната селекција на Русија.
На терените на „Папилон Хотелс Белвил”, противникот со комплетен пресврт во второто полувреме успеа да слави победа од 2:1. Македонија одлично го започна натпреварот и во 16 минута преку Елези Дашмир поведе со 1:0. До крајот на првиот дел избраниците на селекторот Драган Канатларовски не успеаа да искористат извонредна прилика за зголемување на предноста. Во вториот дел, Русија направи пресврт, ги искористи нашите грешки и постигна два гола во 62 и 83 минута од мечот.
МАКЕДОНИЈА: Тасев, Јаневски, Зеќири, Поповски, Ристов, Софијановски, Ангелов, Чилафи, Софијановски, Гуџуфи, Елези;
„ Задоволен сум од прикажаната игра, по подолг период повторно сме заедно пак во репрезентацијата. Покажавме квалитетна игра против силна репрезентација. Задоволен сум од желбата и ставот на моите фудбалери. Покажавме дека заедно колективно можеме да се носиме со силни репрезентации од калибарот на Русија”, вели Драган Канатларовски.
Вториот контролен натпревар овие две селекции ќе го одиграат на 28 март во 10 часот.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....