Објавено на 14 Октомври, 2015 во Вести, До 17 год
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 17 години, Вујадин Станојковиќ го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот УЕФА квалификациски турнир за пласман во елитната фаза кој ќе се одржи во Бургас, Бугарија во периодот од 21. до 26. октомври. Во групата 12, нашата млада селекција силите ќе ги одмери со домаќинот Бугарија, Италија и Шкотска. Селекторот Станојковиќ дополнително ќе реши за уште еден играч кој ќе го пополни конечникот список од 18-ет фудбалери.
Голмани: Христијан Стевковски (ФК Скопје), Благојче Иванов (ФК Металург);
Одбрана: Андреј Кировски (ФК Динамо Загреб), Антонио Митрев (ФК Металург), Михаил Маневски (ФК Академија Пандев), Тодор Тодороски (ФК Металург);
Среден ред: Филип Стојчевски (ФК Металург), Христијан Делевски (ФК Академија Пандев), Елиф Елмаз (ФК Работнички), Јани Атанасов (ФК Академија Пандев), Филип Јовановски (ФК Металург), Марко Ферукоски (ФК Офенбах Кикерс), Димитар Митровски (ФК Магдебург);
Напад: Бобан Здравевски (ФК Металург), Кристијан Трапановски (ФК Академија Пандев), Борче Ласков (ФК Вардар), Мена Аздрен (ФК Академија Пандев);
-Имаме добра прилика сето сработено во последната година и половина да го покажеме на дело на квалификацискиот турнир во Бургас против силни репрезентации. Натпреварите против Шкотска, Италија и Бугарија ќе бидат од големо значење за нашите млади фудбалери, големо искуство за следните квалификации и за мечевите кои ќе ги играат репрезентативците во повозрасните национални категории. Македонија до 17 години на претстојниот турнир сигурно нема да има епизодна улога, убеден сум дека ќе бидеме максимално сконцентрирани, борбени и ангажирани. Противниците заслужуваат почит, но селекцијата која ја предводам е свесна за својот квалитет. Правилата дозволуваат да пријавиме најмногу 18-ет фудбалери, сите се конкурентни, а во зависност од моменталната форма ќе одлучиме кои ќе започнат. Она што е најбитно, сите се подготвени и знаат дека играат за дресот со државен грб и од тој аспект, моралот и мотивираноста треба да бидат на највисоко ниво, изјави селекторот на репрезентацијата Вујадин Станојковиќ.
Првиот натпревар нашата репрезентација го игра на 21. октомври против селекцијата на Шкотска со почеток во 18.00 часот.