Објавено на 20 Септември, 2016 во Вести, До 17 год
Во првиот контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски" во рамки на комплексот „Куќа на фудбалот", младата репрезентација на Македонија до 17 години одигра нерешено 2:2 против селекцијата на Словенија. Натпревар изобилуваше со многу борба, трчање и цврста игра во средината на теренот.
Во првиот дел не видовме погодоци. Двете репрезентации пропуштија по неколку солидни можности за постигнување гол, но реализацијата изостана. Во продолжението играта се отвори, и двете селекции постигна по два гола во мрежата на противникот. Гостите од Словенија први го отворија резултатот, во 53. минута Мај Рориц прецизно стрелаше за голема радост. Во 57. минута веќе беше 2:0, благодарение на погодокот кој го постигна Душан Стојиновиц. Нашата селекција не се предаде и покрај убедливото водство на противникот, и успеа до крајот на средбата да постигне два гола за конечни 2:2. Во листата на стрелци кај нас се запишаа Дарко Чурлинов во 65. минута и Енис Фазлагиќ две минути подоцна.
МАКЕДОНИЈА - СЛОВЕНИЈА 2:2 (0:0)МАКЕДОНИЈА: 1. Мите Секулов 2. Марко Симуновиќ (Кристијан Трпчевски) 3, Филип Антовски 6. Бесник Ферати (Бериша Јакуб) 5. Стефан Симоновски 4. Ангел Страторски 11. Лука Трајковски (Емир Скендери) 8. Дарко Чурлинов 9. Бојан Колевски 7. Анес Османовски (Енис Фазлагиќ) 14. Стефан Колески (Филип Алексовски); Селектор: Добринко Илиевски;
Клупа за резервни фудбалери: Методија Велковски, Филип Алексовски, Енис Фазлагиќ, Никола Спасов, Емир Скендери, Јакуп Бериша, Кристијан Трпчевски
СЛОВЕНИЈА: 12. Домен Грил 2. Зан Тронтељ 4. Мај Митендорфер 5. Душан Стојиновиц 7. Алмин Куртовиќ, 8. Мај Рориц 9. Ник Прелец 10. Егзон Криези 11. Симон Грегорин 12. Гал Швеигер, Тамар Светлин; Селектор: Мај Рориц;
Клупа за резервни фудбалери: Анеј Мрезар, Зан Колманик, Томаз Закрајсек, Давид Зец, Елина Демировиц, Јан Полјанец, Амадеј Мариниц;
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....