Објавено на 10 Август, 2016 во Вести, До 17 год
Репрезентацијата на Македонија го одигра првиот контролен натпревар против врсниците од Романија. На стадионот во Букурешт младите фудбалери на Македонија беа поразени со 2:1.
Избраниците на селекторот Добринко Илиевски генерално одиграа добар натпревар во кој пропуштија многу изгледни шанси за постигнување гол. Енис Фазлагиќ во првото полувреме го отвори резултатот, Бојан Колевски и Емир Скендери се најдова во одлични шанси, но не успеаа да реализираат.
Во вториот дел домаќинот успеа да направи комплетен пресврт. На крај, конечни 2:1 за Романија. Младата репрезентација на Македонија може да жали за испуштените можности во текот на целиот натпревар.
МАКЕДОНИЈА: Малик Зибери, Борјан Пановски, Филип Антовски, Никола Спасов, Бесир Рамадани, Еми Скендери, Бојан Колевски, Енис Фазлагиќ, Бојан Колевски, Лука Трајковски, Марио Наумовски;
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....